Просечната нето декемвриска плата во Србија била 562 евра, што е за 35 евра повеќе од просечната плата во Црна Гора за тој месец, објавија српските медиуми.
Ова го покажале официјалните податоци на Црногорскиот завод за статистика Монстат и податоците објавени денес од Српскиот републички завод за статистика.
По повеќе од 25 години, граѓаните на Србија добија „подебел декемвриски коверт“ од граѓаните на Црна Гора, пренесуваат црногорските медиуми, потсетувајќи дека просечната ноемвриска плата во Црна Гора била 525 евра, а во Србија околу 518 евра.
Како главна причина за застојот на црногорските плати, медиумите наведуваат дека властите во Црна Гора не го стимулирале растот на платите со зголемување на минималната плата, ниту пак вовеле неоданочен дел од платите како соседни земји.
Имено, минималната плата во Црна Гора во моментов изнесува 222 евра, а таа ќе се зголеми на 250 само од 1 јули, иако Црна Гора има најнизок минимум во регионот. Просечните плати во Црна Гора стагнираат веќе 10 години.