Серхио Агуеро влезе во последните месеци од договорот со Манчестер Сити, по што еден од најдобрите напаѓачи на 21-от век ќе ги напушти редовите на тимот од „Етихад“.
Оваа информација ја потврдил и самиот клуб со кратка порака:
„Ќе биде емотивно“.
It's going to be emotional… 💙
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5rehttps://t.co/4COpSpmz7a
— Manchester City (@ManCity) March 29, 2021
Популарниот Кун дојде во Сити летото 2011 година по пет години минати во Атлетико Мадрид, а со „граѓаните“ освои четири титули за тоа време.
Во периодот кога го носеше дресот на клубот од Манчестер, тој постигна 257 гола на 384 натпревари, а во 2017 година стана најдобар стрелец во историјата на Сити, воедно и странски фудбалер со најмногу постигнати голови на историја на Премиер лигата.
— Sergio Kun Aguero (@aguerosergiokun) March 29, 2021
Покрај бројните рекорди, навивачите на Сити и навивачите на Премиер лигата засекогаш ќе го паметат по голот со кој овој клуб ја освои титулата шампион на Англија во 2012 година за првпат од сезоната 1967/68.
Што се однесува до новиот клуб, сè уште нема официјални индиции каде би можел, но има неколку опции. Првата е Барселона, каде Агуеро треба да ја игра улогата на „сидро“ што ќе го принуди Лионел Меси да остане во каталонскиот клуб. Другиот е ПСЖ, каде Меси би можел повторно да има клучна улога. Имено, доколку Меси пристигне на Паркот на принцовите, Агуеро би бил логичен избор, особено што скоро сигурно би дошол по поволни услови.
Исто така, не треба да исклучиме можно враќање во Мадрид, каде тој би формирал напаѓачки тандем со Луис Суарез. Враќањето во Аргентина е најмалку веројатно, со оглед на тоа што 33-годишниот напаѓач има барем уште една година или две од врвните фудбал во себе.