После монета, Елтон Џон доби и своја Барбика

од Nikola Popovski

Легендарниот музичар Елтон Џон доби своја Барбика. Куклата има долга, бујна, виткана руса коса и очила слични на оние што ги носи. Нејзиниот стајлинг се состои од јакна на која пишува „Елтон“, а панталоните ги имаат иницијалите на пејачот.

„Ова е голема чест за мене, да ја добијам мојата кукла. Барби отсекогаш била модна икона, и идните генерации сигурно ќе играат со неа“, рече тој на презентацијата на Барби Елтон, пишува Пипл.

Музичарот соработувал со креаторите на куклата, а најтешко му беше да избере очила кои ќе ја красат русокосата икона.

„Имам многу очила. Навистина премногу, мислам дека собрав околу 20.000 парчиња во мојот живот. На крајот, сметам дека направив добар избор, да го има мојот жар“, додал гордиот Елтон, кој го дизајнираше целиот стајлинг на куклата.

Цената на куклата е околу 40 евра, а веќе се продава на разни веб-страници и во продавници.

„Мислам дека ќе „растуриме“ со нејзиниот последен изглед“, рекол Елтон.

Слични содржини