После несреќата на „Герман вингс“ и во кабините на „Виз Ер“ постојано ќе мора да има двајца

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Авиокомпанијата Виз Ер, која остварува многу летови од и до двата македонски аеродрома, отсега ќе ја спроведува новата политика, која досега ја прифатија неколку компании, односно во пилотската кабина да не смее никогаш да има само едно лице, односно кога капетанот или копилотот ќе ја напуштат кабината, на нивното седиште да седи стујардеса или стјуард.

Тоа се прави за да се спречи настан како тој со авионот на „Герман вингс“ во француските Алпи, кого копилотот, според досегашните сознанија, намерно го урна, откако се заклучил во пилотската кабина кога излегол капетанот и не одговорил на повиците да ја отклучи вратата.

– Виз Ер потврди дека ги ревидираше кабинските постапки и воведува нова постапка, со која се осигурува дека во иднина пилотската кабина никогаш нема да биде управуванa само од едно лице. Доколку еден од пилотите ја напушти пилотската кабина тој или таа ќе бидат заменети од страна на друг член од екипажот. Новата постапка веќе е одобрена од унгарската агенција за цивилна воздушна пловидба (CAA) – објасни портпаролот на авиокомпанијата Wizz Air, Даниел Де Карваљо.

Речиси идентична несреќа се случи и во Малезија во 1997 година, но во тој случај авионот беше урнат од капетанот кој останал сам во кабината.