После спонзорот Ѓоковиќ остана и без тренерот

од Nikola Popovski
505 прегледи

Словачкиот тениски тренер Маријан Вајда повеќе не е во тимот на Новак Ѓоковиќ, објави „Спорт клуб“.

Словакот работи со Новак од 2006 година и го водеше во два наврати. Првиот пат соработката траеше до 2017 година.

Во еден момент тој престана да оди на турнири за да биде со семејството, кога со Новак беше Борис Бекер, а потоа на кратко Андре Агаси и Радек Штепанек.

По кризниот период во кариерата на Новак, Словакот се врати од пролетта 2018 година, а Ѓоковиќ повторно почна да игра на врвно ниво.

Оттогаш до сега е со српскиот играч заедно со Горан Иванишевиќ, но не бил цело време на турнирите.

„Спор клуб“ пишува дека Вајда бил невакциниран, како и Новак.

Во текот на денешниот ден, српскиот тенисер остана и без еден од главните спонзори, автомобилскиот гигант „Пежо“.

Фото: Guliver Images

Слични содржини