Последната фотографија на Елизабета и Филип: Забележан емотивен момент (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
382 прегледи

На последната заедничка фотографија на кралицата Елизабета и принцот Филип, кој почина денес на 99-годишна возраст, е забележан емотивен момент.

Фотографијата е направена на денот на нивната 73-та годишнина од венчавката и го овековечила моментот кога кралицата и принцот со насмевка гледаат во честитката што ја добиле од нивните правнуци, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Бројот 73 беше залепен на рачно изработената честитка, колку години кралскиот пар помина во брак. Кралицата Елизабета носеше син костум украсен со брош кој го носела на медениот месец, како и за да ја одбележи 60-годишнината од бракот со Филип.

На масата покрај нив имаше мал куп наредени честитки и писма кои ги примиле за годишнината од бракот.

Фотографијата е направена на 20 ноември минатата година во дворецот Виндзор. Кралицата Елизабета и принцот Филип ги поминаа последните месеци од својот живот во тој дворец.

Кралицата Елизабета се омажи за поручникот Филип Маунтбатен кога имала 21 година во ноември 1947 година. Нивната заедница траеше подолго од кој било брак на други кралски парови.

Во Бакингемската палата, принцот Филип беше една од клучните фигури на кои кралицата можеше да верува.

Принцот Филип почина во петокот наутро откако беше хоспитализиран скоро еден месец претходно оваа година. Кралицата сега ќе се повлече осум дена за да жали за смртта на нејзиниот сопруг во приватност.

Слични содржини