Последни подготовки за четвртата трансплантација на срце во земјава

од Nikola Popovski
274 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче преку објава на социјалните мрежи извести дека ќе се изврши четврта трансплантација на срце во државава.

„Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш“, објави министерот.

Првата трансплантација беше извршена во мај минатата година, а последната на крајот на месец мај оваа година.

Тогаш Министерството за здравство информираше дека операцијата трaела 5 часа, а поради сериозноста следните 48 часа се критични за пациентката.

„Операцијата беше извршена врз 39-годишна жена, со вродена срцева маана, која подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која траеше 5 часа, а поради сериозноста на истата, следните 48 часа се критични за пациентката. На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрези кај двајца пацинети за чија здравствена состојба Министерствот дополнително ќе ја информира јавноста, откако ќе завршат операциите“, соопшти Министерство.

Слични содржини