Принцот Хари ја изненади јавноста признавајќи дека последниве три години оди на терапија со цел да се носи со траумата поради губењето на мајка си, пишува The Sun.
Војводата од Сасекс тоа наводно го открил во својот говор во Мајами, на самитот за алтернативни инвестиции, инаку негово и на сопругата прво појавување откако го напуштија кралското семејство.
Хари раскажал како се гледа со експерт кој ќе му помогне да ја преброди трагеедијата, односно автомобилската несреќа во која принцезата Дијана го загуби животот.
Освен тоа, принцот се осврна и на скандалот Мегзит и рекол дека не сака неговата сопруга и синот да го преживуваат истото што го преживеал и тој кога бил млад.
– Хари призна дека нему и на Меган им било многу тешко, но дека не жали поради својата одлука за отстапување од должноста, бидејќи сака да го заштити своето семејство – рекол извор за странските медиуми.