Легендарниот пејач Аки Рахимовски за последен пат беше испратен на загрепски Мирогој во Алејата на великаните.
Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со македонско знаме, а на него имаше црвени рози. Пејачот беше испратен во последното почивалиште со песната „Зошто си ме мајко родила“.
На погребот се собраа бројни пријатели и колеги и членови на семејството. Емотивниот говор на неговата ќерка Дина расплака многумина.
-Еднаш рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем човек, зборувала Дина со скршено срце.
-Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е само мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато затоа што им е досадно горе без тебе. И само да знаеш, само ти тато, и никој како тебе, рекла ќерката на Рахимовски.
-Те сакам тато, го завршила својот говор, пренесува хрватски „Индекс“.