„Засекогаш во срцата“, концерт во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски (ФОТО)

од Milan1

Синоќа во Големата сала на Центарот за култура се оддржа концертот „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески и неодамна починатиот Аки Рахимовски.

На концертот заедно со Камерниот оркестар настапија Каролина Гочева, Димитар Андоновски, Ламбе Алабаковски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски, Боран Стојков кои ги испеа најголемите хитови на Тоше и Аки Рахимовски.

Картите за концертот беа распродадени во рекордно време.

Слични содржини