Посмртните останки на жртвите од автобуската несреќа ќе пристигнат најдоцна во петок

од Nikola Popovski
264 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи доцна попладнево информираше дека посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ ќе пристигнат најдоцна во петок.

– По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови, објави Османи на својот Фејсбук профил.

Тој додаде дека останува во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, а јавноста ќе биде информирана навремено исто така.

Во трагичната автобуска несреќа загинаа 45 македонски државјани, а 7 патници беа повредени.

Слични содржини