Посна пица со ајвар: И вкусот и изгледот веднаш ќе ве привлечат

од Vladimir Zorba

Пицата е едно од омилените јадења ширум светот и често може да се купи и однесе од киосците за брза храна. Сепак, кога ќе го направите дома, највкусен е. Бидејќи почна посниот период, се вртиме кон посни рецепти, па затоа денес решивме да подготвиме посна пица.

Важно е тестото да биде без млеко, односно да е посно, а кога станува збор за филот – се зависи од вас и вашиот избор.

Состојки:

за тестото:

* 500 гр брашно
* 250 мл топла вода
* 100 мл масло
* 1 кесичка квасец
* прстофат шеќер
* малку сол

за филот:

* 1 конзерва туна
* малку ајвар
* маслинки
* црвен кромид
* неколку печурки

Подготовка:

Во топла вода се додаваат квасецот и шеќерот, се меша и се остава на страна да се активира квасецот. Нека биде најмалку 10 минути и на топло место. Кога ќе се активира додадете брашно и масло, па замесете тесто. Замесеното тесто оставете го на страна да нарасне уште малку.

Што се однесува до филот, можете да експериментирате.

Добиеното тесто развлечете го со сукало или можете и малку да ги употребите рацете на тавата во која ќе ја печете пицата. Се зема ајварот, па се премачкува тестото како подлога за останатите состојки.

Потоа ставете туна, исчистени печурки, пар маслинки (цели или исечени на прстени), црвен кромид исечен на кришки и што сакате. Можете да изберете и неколку зрна слатка пченка.

Печете околу 20 минути на 180 степени. Кога ќе го извадите од рерна, можете да го украсите со рукола и малку сусам.

На здравје!

Слични содржини