133
Направете палачинки за постот со куркума.
СОСТОЈКИ:
200 гр. брашно
200 мл.вода
50 мл. масло
½ лажички сол
½ лажички сода
1/3 лажички куркума
1 лажица црвени и 1 лажица зелени пиперки
ПОДГОТОВКА:
Се мешаат брашното со сол, куркума и сода и се додаваат вода и масло, па се меша со миксер.
Се дели смесата во две чинии, во едната се става сечена црвена, во другата сечена зелена пиперка.
Се загрева тава со масло и се печат палачинки.