1 литар вода
1/2 пакување палента пченкарен гриз
1 мала кесичка шампињони
1 глава кромид
по 1 мала лажица мешан сув зачин,малку копар,сол
3 лажици масло
1/2 авокадо
1-2 парчиња пиперки
Начин на подготовка:
На тавче со масло се ставаат печурките исцедени од солилото, се додава и сечкан кромидот да се пропржат малку онака,,стаклесто,, колку да се омекни кромидот. Доколку користите свежи пиперки се сечкаат на ленти и тие се ставаат да се пропржат во истото тавче со останатите продукти. Јас користам пиперки во сенф, зимница во тегли за кои рецептот го имам објавено порано и така им најдов и друга примена.
Полентата или пченкарен гриз за подготовка се прави според упатството како е запишано на самото паковање, со тоа што јас употребив половина од содржината на кесата. Во соодветен сад се става водата, која пред да се зоврие се посолува, било сол или мешан зачин, онака како вам ви се допаѓа.
Се става половина од гризот и со постојано мешање со дрвена лажица се вари 2 минути. Во секој сад се става од инстант гризот најгоре се додава од печурките со кромид, пиперки, парчиња авокадо, по ваша желба, сенф, малку копар. Верувам дека со овој рецепт може многу да се експериментира, во зависност од вкусот на конзументите на крај додека е топло се ужива.
Извор: Moirecepti.mk