Посно шарено рижото, идеја за вкусен ручек (РЕЦЕПТ)

од Elena Daskalova
489 прегледи

Оризот е една од намирниците кои може да се користат во време на карантинот, бидејќи има долг рок на траење, а од две шолји ориз може да се направи ручек за целото семејство.

За ова рижото потребни ви се:

200 гр ориз
300 гр спанаќ
2 моркова
Еден компир
Две кисели црвени пиперки
4 чешниња лук
Еден праз
Зачини по желба

Подготовка:

На масло пропржете го празот. Спанаќот убаво исчистете го, сварете го кратко и исецкајте го. Додадете го во празот. Ставете ги лукот, зачините и измешајте.

Настрана сварете го оризот. Посолете, додадете ја смесата со зеленчук и измешајте. Врз рижотото ставете го исецканиот морков и пиперките, а претходно сварениот компир исечете го на парчиња и со него декорирајте ги порциите.

Слични содржини