Пост-ковид симптомите можат да траат и до половина година

од Nikola Popovski
356 прегледи

Кај лицата кои прележале Ковид-19, борбата против последиците од инфекцијата може да трае со недели, па дури и половина година. Тешкото функционирање на кардиоваскуларниот систем, слабост, повраќање, главоболка, слаба концентрација и заборав – се некои од симптомите што се појавуваат дури и по болеста, предупредуваат лекарите.

Четири недели по инфекцијата, а понекогаш и до шест месеци, пациентите чувствуваат некои од овие симптоми и пријавуваат на лекар.

„Овие симптоми не се изразени само кај пациенти кои биле хоспитализирани“, изјавила директорката на Општата болница во градот Сента, Беата Чаки, за РТВ.

Избраните лекари можат да закажат преглед кај лекар специјалист за граѓаните кои чувствуваат некои пост-ковид симптоми, по што специјалистите понатаму ќе го одредат текот на лекувањето.

Д-р Чаки уште еднаш апелирала сите да се вакцинираат.