Претседателот на Собранието, Талат Џафери информираше дека постапката за уставни измени би требало да почне најдоцна во првите месеци од следната година за да се запази процедурата и периодот за носење на уставни измени и според него, би требало да заврши до крајот на скринингот што е планиран за ноември 2023 година.
За тоа што ќе се менува со уставните измени и дали само Бугарите и/или припадници на други етнички заедници ќе бидат вметнати во Уставот, Џафери вели дека ќе зависи од она што ќе содржи одлуката за менување на Уставот што треба да биде доставена до Собранието.
На лидерската и засега се изнесени само размислувања за други прашања кои би можеле да бидат основа за други уставни измени. Се зависи, вели Џафери, што ќе содржи одлуката за почеток на постапката за менување на Уставот.
На 19-ти јули, Северна Македонија ја одржа својата прва политичка меѓувладина конференција во Брисел, со која започна „првата фаза“ од отворањето на преговорите со ЕУ, 17 години по добивањето на кандидатскиот статус. Условот што го има Скопје за почеток на „втората фаза“, односно Втората меѓувладина конференција и отворањето на преговарачките поглавја е внесување на бугарското малцинство во Уставот.