Постара скопјанка се задуши во пожар

од Nikola Popovski
494 прегледи

МВР информира дека 81-годишна жена од Скопје е пронајдена почината во пожар, што избувнал во куќа на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а лекар од итната медицинска помош констатирал смрт од задушување со чад. Извршен бил увид и по наредба на јавен обвинител, телото било дадено за обдукција.