Рано изутрината, околу 07:00 часот, во куќа во тетовското село Жилце избувнал пожар во кој животот го загубила жена на околу 80 години. Противпожарната единица интервенирала со два автомобила и седум пожарникари.
„Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавен е пожар кон настанал во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче, во кој престојувала и била пронајдена почината 80-годишната Р. Ѓ. од ова село. Пожарот го пријавил нејзиниот 44-годишен син, по што е целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица“, рече Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од СВР Тетово.