На гробиштата во словенечкиот град Марибор поставена е првата дигитална надгробна плоча на гробот на починатиот Јанез Млакар, соопштио “Дејли меил”. Кога во близина нема луѓе 48 инчниот екран на спомеnикот покажува само слика и името на починатиот Словенец во 2000 година. Но, доколку некој само му се приближи, сензорите кои го предвидуваат човековото присуств на екранот го покажуваат целиот живот на починатиот.
На екранот почнуваат да се даваат вчитани информации, виедо и фотографии кој го опишуваат животниот пат на Јанез Млакар. Погребната плоча е дело на компанијата “Биоенергија”. Во моментов тие имаат неколку вакви нарачки, но работат и на мобилна апликација за далечински управувач на дигиталната надгробна плоча. Нејзината цена е 3.000 евра.