Поставени шест куќи засолништа за бездомни животни во Паркот на Франкофонијата

Проектот има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори.

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство”.

Проектот има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори.

Донацијата, првично е доделена на граѓанската асоцијација „Хумани градови”, која поднесе барање до Општина Центар за нејзино примање и реализација.

Со поставувањето на засолништата, Паркот на Франкофонијата добива нова, хумана димензија – простор за заштита на животните и пример за одговорно и инклузивно уредување на јавните површини.