Нова година – нови почетоци. Многумина се одлучуваат за разноразни промени, меѓутоа не сите навистина ги оддржуваат новогодишните ветувања, или воопшто не ги започнуваат.
Од друга страна, постојат луѓе кои сакаат нешто да сменат, чувствуваат дека нешто не е во ред со нивните животи, а не знаат што точно. Бидејќи новата година ни е пред врата, крајно време е за мала „самоанализа“. Во тоа ќе ви помогнат овие седум прашања.
1. Која цел ја постигнав?
Започнете со позитивно размислување, кои зададени цели ги исполнивте оваа година. Нова работа, ново хови, преуредување? Сите работи кои успешно сте ги направиле – мотивираат.
2. Која цел не ја исполнив и зошто?
Одговорот „бев под стрес“ не вреди, исто така ниту „немав време“. Имено, доколку нешто навистина сакате нешто, ќе најдете време. Значи, мора да постои некоја друга причина – најдете ја.
3. Што ме усреќи?
Концентрирајте се на позитивните работи кои ви помагаат да принајдете позитивен став. Доколку благодарно гледате на изминатите месеци, ќе ви помогне да најдете нешто убаво во новата година.
4. Што не ми успеа?
Нeзависно дали се работи за добри намери или не: секој доаѓа до момент кога не успеал нешто што го наумил. Што било тоа ова година? Дали знаете што би можеле да направите подобро?
5. За што жалам?
Се учи на грешките. Колку и да е банална таа реченица, толку повеќе вистина се крие во неа. Размислеете кои грешки не смеете да ги направите во новата година.
6. Што научив?
Последите месеци сигурно нешто сте научиле. Имено, човекот никогаш не престанува да учи, собира искуства и знаење.
7. Што треба да подобрам во животот?
Погледот на новата година често е еуфоричен и позитивен. Надеж дека од 1 јануари се ќе се подобро. Меѓутоа, дали навистина нешто може да се подобри? Вашата работа? Врска? Здравје? Размислете што сакате и како ќе го остварите.