Постекоглу му се умилкува на Леви: Сопствениците на Тотенхем не се виновни за недостигот на трофеи

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Сопствениците на Тотенхем не се виновни за проблемите на англискиот фудбалски клуб во изминатиот месец или недостатокот на трофеи, изјави менаџерот Ангелос Постекоглу, цитиран од Ројтерс.

„Петлите“ победија само на еден од нивните претходни седум натпревари во сите натпреварувања, а дефанзивецот Кристијан Ромеро јавно го критикуваше раководството по поразот од Челси.

„Искрено, уморен сум (да зборувам на оваа тема – н.з.). За мене тоа се само изговори. Во моментов јас сум тука и сум одговорен за играчите“, изјави австралискиот менаџер на Тотенхем во пресрет на првенствениот натпревар против Саутемптон во недела.

Постекоглу додаде дека управата не е виновна што тимот нема освоено трофеј цели 16 години. Последен пат тоа се случи во Лига купот во 2008 година, а претходната титула беше освоена во далечната 1961 година.

-Мислам дека не постои некоја митска сила која го спречува Тотенхем да постигне успех. Ако имаше такво нешто, ќе го сменевме. Во моментов сме во тешка позиција и тоа е поврзано со нашиот тим. Ние може да направиме милион изговори зошто не сме успешни, но која е поентата да го правиме тоа?“, истакна Постекоглу.

Слични содржини