Постекоглу прави масовна чистка во Тотенхем

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу размислува за сериозна реконструкција на тимот на лето. Според „London Evening Standard“, клубот може да се раздели со сите 11 фудбалери.

Чистката може да влијае и на важни личности како што е Ричарлисон, доколку добијат соодветна понуда за Бразилецот, за кого пред две години плати 60 милиони фунти.

На трансфер листата ќе се најдат и Емерсон Ројал, Брајан Хил, Пјер-Емил Хојберг, Џовани Ло Селсо и Манор Соломон.

Џо Роден, Џед Спенс, Серџо Регилон, Танги Ндомбеле и Јафет Танганга, кои треба да се вратат од позајмица, не се вклучени во плановите на Постекоглу, па за нив исто така ќе се бараат постојани купувачи.

Рајан Сесењон ќе го напушти тимот како слободен играч.

Истите информации говорат дека австралискиот менаџер сака да ги задржи играчите од средниот ред Ив Бисума и Родриго Бентанкур. Тимо Вернер веќе си обезбеди место во составот за уште една кампања, како и Швеѓанецот Лукас Бергвал, кој беше договорен уште во зима.

Слични содржини