Постигнат напредок меѓу македонските и бугарските историчари, најавени уште три средби до мај

од Nikola Popovski

На 24 и 25 февруари во Софија се одржа 17-тата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Од таму додаваат дека средбата поминала во конструктивна и отворена атмосфера, што придонело за постигнување на одреден напредок во работата на Заедничката комисија.

-Во рамките на Заедничката седница на Владите на Бугарија и Северна Македонија, кое се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на месец мај. Членовите на Комисијата ја потврдија посветеноста за одржување на активен дијалог.

Се планира следната средба на Комисијата да се одржи кон крајот на месец март или почетокот на април во Скопје, појаснуваат од македонската дипломатија.

Слични содржини