Постои епидемија на корупција во земјава, порача Агелер најавувајќи нови имиња на црната листа по Анѓушев

од Nikola Popovski
346 прегледи

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер порача дека има различни начини на кои што лицата кои што се на црната листа на САД, можат да пријават незадоволство. Таа беше запрашана дали бизнисменот и екс-вицепремиер Анѓушев може да се жали некаде, како што најави тој претходно во својата реакција.

-Има различни начини на кои што лицата кои што се на црната листа, можат да пријават незадоволство. Ние имавме најавени санкции и тие се воведени. Ова не е нешто што лесно го прифаќаме и лесно го спроведуваме, сепак ги следиме позитивните законски прописи на САД при воведувањето на ваквите санкции, кажа Агелер при денешната посета на полигонот Криволак.

Амбасадорката уверува дека ќе следат нови имиња на црната листа.

-Постои една епидемија на корупција во земјата. Не можам да предвидам што ќе одлучи Вашингтон, рече Агелер, одговарајќи на прашање дали името на Анѓушев е последно за годинава кое ќе се најде на црната листа на Стејт Департментот.

Слични содржини