Постои француска иницијатива за решавање на спорот со Бугарија, вели Груби

од Берта Китинска
177 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

– Ние ги поднесовме одговорите кон сите прашања што ги има поднесено Бугарија во најконструктивна можна форма и чекаме новите власти, претседателот Радев, новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин. Да постигнеме зделка која ќе ни ја отвори вратата кон ЕУ. Да, има вистина дека има француска иницијатива, за да седнат на маса, за да се надминат сите разлики на начин што наредните месеци на 2022 година, на пролет, да се одржи првата меѓувладина конференција, рече денеска Груби.

Во врска со тоа како ја толкува вчерашната порака од Бугарија дека нема да се промени нивниот став, Груби кажа: „Имаме нова влада која треба да се избере. Ќе комунуцираме со новата влада, која е резултат од изборите коишто само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап затоа што кај нас има лодготвеност за компромис којшто е достоинствен и за нашата земја посебно за моите сограѓани Македонци“.