„Постои голема надеж“: Петков и Ковачевски очекуваат напредок

од Берта Китинска
160 прегледи

„За мене има голема надеж, синоќа на заедничката вечера видовме дека некои од министрите наместо да ја завршат вечерата веќе дефинираме специфични мерки што треба да ги направат и затоа денеска очекувам како и со Димитар што разговаравме, реални резултати“, рече во воведното обраќање премиерот на Бугарија Кирил Петков, на стартот од заедничката владина седница меѓу Скопје и Софија.

Тој додаде дека овој дијалог ќе го замени национализмот, јазикот на омразата и ќе покаже дека на двете страни сакаат да направат што повеќе за добрососедство.
Премиерот на Македонија рече дека дводневната посета во Софија е успех бидејќи се реализира на само една недела по посетата на Скопје каде што имаше договор за теми кои значат подобра соработка на полета на образованието, инфраструктура, иновации и комуникација и подобри врски.

„Двете Влади ќе работат на теми кои се од областа на инфраструктурата, конкретно на Коридор 8, патна инфраструктура, железничка инфраструктура и во делот на телекомуникациското поврзување. Потоа во делот на образованието, со што ги поврзуваме и младите со што правиме размена на идеи, знаење и тоа дава поголем ефект, отколку тоа го правиме сами“, рече премиерот на Македонија Димитар Ковачевски.