Според едно британско истражување, една жена во просек 70 пати се погледнува во огледало, а мажите нешто помалку, иако и нивната бројка воопшто не е занемарлива.
Според тоа, сосема е логично како слика за себе да го имаме она што го гледаме во огледалото. Но, кога ќе се обидеме да направиме фотографија, тогаш реалноста ни удира шамар – воопшто не личиме на она што предмалку го видовме во огледалото.
Во огледало ние всушност се гледаме превртено, затоа и сликата што ја имаме за себе е погрешна. Друга причина поради која она што го гледаме во огледало и слика не е реално е што всушност, самите се местиме за да изгледаме поубаво.
Имајте предвид дека и осветлувањето многу влијае врз тоа како изгледаме, па затоа и не е исто она што го гледате вие и она што го гледаат другите. Во огледало се гледате директно и одблизу, што не е случај со реалноста.
Лицето на луѓето вообичаено е асиметрично, ретко кој всушност има симетрично лице, а тоа е помалку или повеќе видливо во зависност од тоа по кој агол ве гледаат или самите се гледате.
Инаку, воопшто е очекувано дека самите себе се доживуваме поатрактивни или помалку атрактивни од тоа што реално сме, па многу често и перцепцијата е во нашата глава, а какви сме, е сосема друга работа.