Постои решение за болките во грбот: Многу е едноставно и ефикасно

од Vladimir Zorba

Животниот стил на модерниот човек, при кој многу време поминува седејќи во канцеларија, како и намалената физичка активност кај многу луѓе резултира со болки во грбот.

Кога ќе почувствуваат ваков тип на болка, многумина спасот го бараат со лекови или агресивни вежби, што во првиот случај само го маскира проблемот, а во вториот може да резултира со уште поголеми тешкотии. Сепак, има решение и за тоа, а тајната е во -прошетката.

Експертот за мускулно -скелетниот систем Еш Џејмс вели дека луѓето често погрешно мислат дека треба да избегнуваат движење кога се појавуваат болки во грбот. Тој забележува дека токму тоа е лекот.

Болката во грбот се јавува од неколку причини, но повеќе движења се вистински мелем.

– Важно е често да ја менувате положбата на телото, особено ако работите цел ден на маса или поминувате многу време седејќи. Станете, истегнете се, прошетајте, само не останувајте долго во иста положба – советува Џејмс.

Негативните ефекти од продолженото седење може да се ублажат со вежбање, така што тренингот после работа ќе биде совршено решение.

Спротивно на верувањето дека треба да ги избегнувате сите вежби кога постои физичко оштетување, Еш вели дека не е паметно да се избегнуваат секој тип на движење.

– Знаеме дека понекогаш луѓето избегнуваат вежбање бидејќи се плашат дека ќе направат поголема штета, но во повеќето случаи тоа може да им помогне побрзо да закрепнат. Јас би предложил на почетокот да бидат нежни и лесни вежби, а потоа понапредни. И одењето е добро – рече Еш.

Слични содржини