Трикратниот освојувач на МВП наградата, Никола Јокиќ ќе го пропушти вечерашниот натпревар на Денвер против Хјустон, потврдија од Нагетс.
Ова ќе биде четврти последователен натпревар кој Јокиќ ќе го пропушти, а доколку наскоро не се врати на теренот, ризикува да биде дисквалификуван од трката за МВП.
Јокиќ последен пат играше пред седум дена против Вашингтон, а поради повреда на скочниот зглоб и лактот ги пропушти и натпреварите со Портланд, ЛА Лејкерс и Голден Стејт.
Тој вечерва на полноќ нема да биде во составот за дуелот против Хјустон, а доколку повредата е толку сериозна што не може многу брзо да се врати на теренот, Шаи Гилгис-Александер ќе стане МВП на НБА лигата во регуларниот дел од сезоната.
Јокиќ е во голема битка за МВП наградата со Канаѓанецот, а моментално е на 62 одиграни натпревари.
За да биде МВП, Јокиќ мора да одигра најмалку 65 натпревари според правилата на НБА. Денвер до крајот на првенствената сезона ќе одигра уште 11 натпревари, што значи дека Јокиќ може да пропушти уште најмногу осум натпревари до крајот на сезоната.
Малку е веројатно дека тоа нема да му појде од рака, но јасно е дека Денвер не сака брза да го врати на теренот додека не биде стопроцентно подготвен за игра.