Постојаниот замор и недостиг на енергија се знаци за депресија

од desk4
271 прегледи

Функционалната депресија нема статус на званична медицинска дијагноза, но претставува добар начин да се окарактеризираат луѓе со лошо расположение, ниска животна енергија и анксиозност.

Животот за овие луѓе воглавно изгледа вака – во надворешниот свет се продуктивни, многу успешни, а кога ќе заврши работниот ден, ги торшат сите внатрешни ресурси. Пред сè ќе изберат да останат дома, отколку да одат на вечера со пријатели. Полесно им е да се вовлечат во кревет, бидејќи утре е нов ден. Така изледа личност со функционална депресија. Повеќето од овие луѓе имаат дистимија, позната како трајно депресивно пореметување, депресија со низок степен, за која карактеристични се замор и недостиг на енергија.
Тие се често нерасположени, но не ја исполнуваат дефиницијата на класична депресија, која е потешка. Дисстимијата воглавно трае две или повеќе години, но лицата кои ја имаат храбро се борат со неа и ретко зборуваат за тоа.
Дијагностицирањето е тешко, бидејќи е подстепен на класичната дпресија, па луѓето не ја препознаваат додека не дојдат до емотивно прегорување.
Дури и луѓето кои страдаат до повеќе степени на депресија, класичен, епизоден или губење на интерес за било што, можат да се сметаат за луѓе со функционална депресија.
Многу важно е да побарате соодветна стручна помош, бидејќи оваа состојба се лекува.

Слични содржини