Постојат две сценарија за наставата од 1 септември доколку заразата со почне да се шири

од Берта Китинска
321 прегледи

Постојат две сценарија за наставата од 1 септември доколку заразата со ковид-19 почне да се шири, повтори министерката за образование Мила Царовска.

-Како ќе се менува епидемиолошката слика, така Комисијата за заразни болести ќе го информира МОН дека се појавува ризик. Минатата година 40 отсто од учениците беа на настава со физичко присуство во училница и немаше ниту еден случај на интерна трансмисија на ковид-19. Тоа покажува дека со почитување на дадените протоколи може да се спречи интерна трансмисија. Имаше безбеден и континуиран образовен процес и немавме затворање на цели училишта. За разлика од земји во регионот каде што постојано имаше промена на моделите и постојано затворање на училиштата. Сметам дека добро ги водиме процесите, изјави Царовска.

Слични содржини