Во 2018 година, 8,7 милиони луѓе во светот починаа од последиците на загадувањето на воздухот предизвикано од согорување на фосилни горива како јаглен и нафта, покажува ново истражување.
Земјите со најголема потрошувачка на фосилни горива имаат најголем удел на смртни случаи од последиците од овој вид на загадување, кои ги користат за погон на фабрики, автомобили и затоплување на домови.
Студијата покажува дека смртта на секој десетти починат во САД и Европа се предизвикани од загадување на воздухот, додека во источна Азија, вклучително и Кина, уделот на смртни случаи од последиците од загадувањето е поголемо од 30 проценти. Во Јужна Америка и Африка, учеството е многу помало.
Податоци на универзитетот Харвард за учеството на смртни случаи од вдишување на ПМ 2,5 честички во вкупниот број на смртни случаи во 2018 година:
Источна Азија 30,7 проценти
Европа 16,8 проценти
Канада 13,6 проценти
САД 13,1 процент
Централна Америка и Карибите 8,2 проценти
Јужна Америка 7,8 проценти
Западна Азија и Блискиот исток 6,5 проценти
Африка 3,7 проценти
Австралија и Океанија 3,2 проценти
– Кога ги добивме резултатите, бевме прилично воздржани бидејќи тие зачудуваат, но сега сè повеќе откриваме за штетните ефекти на загадувањето – вели Елоиз Маре, географ од Универзитетскиот колеџ во Лондон и еден од авторите на студијата.
Студијата е објавена во соработка со научници од Универзитетот Харвард, Универзитетот Бирмингем, Универзитет Лестер и Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Како што се наведува, бројката од 7,8 милиони го надминува бројот на смртни случаи од пушење и смртни случаи од последиците од маларија заедно во светот во текот на една година.
Научниците го поврзаа високото загадување на воздухот предизвикано од согорување на фосилни горива со срцеви и респираторни заболувања, па дури и губење на видот.
Без емисијата на овие гасови, просечниот животен век на светската популација би се зголемил за повеќе од една година, се вели во студијата објавена во списанието Environmental research.
Новото истражување нуди подетална анализа на штетните ефекти на честичките од воздухот кои се ослободуваат од електраните, автомобилите, камионите и други извори. Честичките се познати како ПМ 2,5 честички, бидејќи имаат дијаметар помал од 2,5 микрометри, околу 30 пати помал од човечката коса.
Кога ги вдишуваме, ситните честички нечистотија ги покриваат белите дробови и можат да предизвикаат многу здравствени проблеми.
„Не сме свесни дека загадувањето на воздухот е невидлив убиец“, рече Нил Тумала, оториноларинголог од Факултетот за медицина и здравствени науки на универзитетот Џорџ Вашингтон, додавајќи дека луѓето во градовите обично трпат најтешки последици.