Кога клубот нема да го стори тоа од којзнае какви причини, ќе го стори тренерот! Рубен Аморим ќе ги плати трошоците за патување на персоналот на клубот во Билбао за финалето на Лигата на Европа.
Поточно, ќе плати до два билети со патни трошоци за својот тренерски штаб од 30 члена, односно за да можат тие да ги однесат членовите на семејството или пријателите на големото финале на Лигата на Европа.
Аморим го направи ова затоа што Манчестер Јунајтед не го сакаше тоа. Причината е – штедење…
Се поставува прашањето дали навистина е толку голем финансиски товар за еден глобален фудбалски гигант како Манчестер Јунајтед да плаќа билети и сместување за луѓето кои работат во клубот и нивните семејства. Заради споредба. ПСЖ ги плати билетите и патувањето за целиот персонал вработен во клубот за финалето на Лигата на шампионите, каде што ќе играат против Интер.
Но – какви и да се потезите што ги прави администрацијата, такви се резултатите. Јунајтед ќе ја заврши оваа сезона во најкатастрофална позиција за нив во историјата на Премиер лигата. Тие моментално се веднаш над линијата, па затоа се на 17-то место на табелата. Да не беа Ипсвич, Лестер и Саутемптон толку лоши оваа сезона, ќе се зборуваше дека Манчестер Јунајтед е во опасност да испадне во Чемпионшип лигата.
За да ја спаси сезоната, Јунајтед ќе игра против Тотенхем за трофејот во Лигата на Европа на 21 мај во Билбао што ќе обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.