Потег што ќе предизвика бура: Реал донесе поранешен играч на Барселона

од Nikola Popovski

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид ги засили своите редови со доведувањето на Адам Ханга.

Унгарскиот репрезентативец пристигнува како слободен агент откако предвреме ја заврши соработката со Барселона.

Ханга ќе потпише двегодишен договор со Кралскиот клуб, односно до крајот на сезоната 2022/23.

Веста ја потврди и самиот клуб.

Ханга најголемиот дел од својата кариера ја играше во Шпанија, каде го носеше и дресот на Басконија.

Пред десет години, Сан Антио Спарс го одбра како претпоследен пик на драфтот, но тој никогаш не заигра во НБА.

Во текот на минатата сезона, Ханга имаше просек од 4,6 поени на 41 натпревар во Евролигата.

Слични содржини