Потегот за кој зборува цела Шпанија: Ракитиќ падна на трева, Чави веднаш истрча (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Во дуел од четвртото коло на Примера се сретнаа Севиља и Барселона. Натпреварот заврши со резултат 1:1, а од него се пренесува интересен детал.

Домаќинот поведе со голот на Папа Гомез во 32. минута, а Роналд Араухо ги постави конечните 1:1.

Кунде беше исклучен во 64. минута бидејќи го шутна Алба во глава со топка, а четири минути подоцна се случи нешто што ја воодушеви цела Шпанија.

Капитенот на Севиља, Иван Ракитиќ беше во дуел со Езалзули, по што заврши на земја.

Тренерот на Барселона Чави Ернандез набрзо притрча до него. Бидејќи се се случуваше пред клупата на Барселона, Чави, кој беше соиграч на Хрватот, пријде и го прегрна. Ја подаде раката, го тапна по грбот и му се насмевна.

Ракитиќ играше за Барселона од 2014 до 2020 година и освои се што можеше да се освои со клубот.

Слични содржини