Американското министерство за правда ги разгледува потенцијално доверливите документи од времето кога Џозеф Бајден беше потпретседател на САД, кои беа пронајдени во неговата поранешна канцеларија во невладина организација во Вашингтон, соопшти Белата куќа.
Адвокатскиот тим на Бајден откри околу 10 досиеја во заклучен ормар во „Пен Бајден центарот“ во Вашингтон во ноември, рече неговиот адвокат, и тие биле предадени на Националниот архив, пренесува „Ројтерс“.
ФБИ е вклучен во истрага за доверливи документи пронајдени во невладината организација, а од американскиот државен обвинител Мерик Гарланд е побарано да ги прегледа документите, пишува CBS News.