
Две лица се приведени по дојавата до Министерството за внатрешни работи дека околу 16 часот бил вршен поткуп на гласачи на улицата „Максуд Садик“ во скопски Чаир.
„Во врска со настанот, поради сомнение за кривично дело „Поткуп при избори и гласање “ по член 162 од Кривичниот законик на Република Македонија приведени се две лица Б.И (46) и С.А (24) и се преземаат мерки за расчитување на настанот“, соопштуваат од таму.