Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

од Nikola Popovski
439 прегледи

МВР попладнево јавува за уште случај на поткуп, овој пат во Кочани.

„На 28.10.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека Д.С.(53) од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат во вториот круг на локалните избори за кандидат за градоначалник. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица и денеска (29.10.2021) во ОВР Кочани Д.С. е повикан на информативен разговор“, соопшти МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Обвинителство.

Слични содржини