Тројца мажи од Бруклин, наводно, украле над 30 милиони долари во готовина, како и други вредни предмети како дел од голема измама за перење пари, при што користеле софистицирана опрема за видеонадзор за да провалат во сефови ширум светот, меѓу кои во земји како С. Македонија, Украина и Русија, пишуваат американските медиуми.
Во вторникот, Алекс Левин, Вал Купер и Гери Смит се обвинети за перење пари и злосторничко здружување откако украле големи суми од банкарски сефови од март 2015 до октомври 2019.
Тројцата, наводно, било насочени кон банки кои „се чини дека имаат слаби безбедносни карактеристики, како вклучително и слаби камери за видео надзор“. Тие потоа се претставувале како муштерии кои бараат да изнајмат сеф. На тој начин добивале пристап до просторијата со сефовите која што потоа ја ограбувале.
Американските обвинители наведуваат дека Купер и уште еден од осомничените ги поткупувале локалните полициски службеници во земјите од кои ги ограбиле за информации, за да можат да избегнат да бидат фатени.
Полицијата во Бруклин при апсењето, кај нив нашла клучеви од сефови без каква било форма на идентификациски броеви, чанти, накит и пари.
Во складот на еден од осомничтените, истражителите пронашле и мала медицинска камера, со кои ги ограбувале банките и уште еден сеф на кој што вежбале.