Потона брод во близина на познат грчки остров, загинаа најмалку 15 лица

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Најмалку 15 лица загинаа во четвртокот кога потона брод во близина на грчкиот остров Лезбос во Егејското Море, соопшти крајбрежната стража на земјата.

Од средата, ова е втора поморска несреќа во која учествуваат мигранти.

На бродот кој потона имало околу 40 лица, соопшти грчката крајбрежна стража, додавајќи дека петмина од нив се спасени. Од морето се извлечени 15 тела, а по околу 20 се трага.

Бродот потона источно од Лезбос, кој се наоѓа во близина на турскиот брег

Брод на грчката крајбрежна стража и хеликоптер на воздухопловните сили се обиделе да ги најдат и спасат луѓето што е можно побрзо, но во областа дувале и силни ветрови.

Во тек е потрагата по поширокиот брег на Лезбос по мигранти кои можеби успеале да стигнат до брегот.

Во претходна несреќа, грчките власти спасија 30 мигранти чиј брод потона откако удри во карпи во близина на островот Китира во јужна Грција за време на невремето во средата.

Слични содржини