Потона брод во Средоземното Море, најмалку 45 мигранти се водат како исчезнати

од Симе Стоиков

Најмалку 45 мигранти се исчезнати и се стравува дека се мртви откако нивниот брод потонал во средата во централниот дел на Медитеранот додека се обидувале да стигнат до Европа од Тунис, соопшти агенцијата за миграција на ОН.

Италијанската крајбрежна стража во средата соопшти дека по потонувањето на друг брод, извадила тела на девет лица и спасила 22 од нив, додека 15 се водат како исчезнати, пренесе Ројтерс.

Преживеаните беа префрлени на блискиот италијански остров Лампедуза, првото пристаниште за многу мигранти кои сакаат да стигнат до Европската унија.

Агенцијата за миграција на ОН во петокот на социјалната мрежа Х објави дека нејзиниот персонал во Лампедуза токму од преживеаните дознал дека уште еден брод од Тунис исто така потонал во средата и дека сите 45 патници на тој брод се исчезнати.

Слични содржини