Потона руската рубља! Валутата на РЕКОРДНО ниско ниво во однос на доларот и еврото

од Vladimir Zorba

Руската рубља падна на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот и еврото поради оскудното тргување на девизните пазари, додека Московската берза останува затворена за тргување најмалку до среда.

Руската валута падна на 133,5 рубљи за долар од затвореното ниво од 121.037 во петокот, според фирмата за финансиски информации Refinitive.

На глобалната платформа за тргување со електронски валути, EBS, рубљата падна уште подлабоко – 141 рубља за долар.

Во исто време, ТАСС пренесува дека еврото во однос на руската валута скокна за 32,13 отсто на берзите до 150,58 рубљи до 14:37 часот по московско време.

Рубљата изгуби повеќе од 40 отсто од својата вредност во однос на доларот од почетокот на годината, а трендот на опаѓање се забрза откако Русија започна напад врз Украина на 24 февруари, што доведе до остри санкции на западните престолнини против Москва.

Слични содржини