„Потоп“ во Лондон – затворени метро станици, болници полни со вода, евакуирани 100 пациенти (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон и предизвикаа поплави во некои делови на главниот град на Велика Британија, поради што беа затворени осум подземни метро станици, а две болници побараа од пациентите да не ги користат нивните ургентни центри.

Универзитетската болница Випс Крос ги откажа операциите и приемите во итни случаи, а болницата Невдам ги замоли пациентите да користат други служби за итни случаи.

„Знаеме дека ни требате, но сега ни треба вашата помош за брзо да ги поправите работите, ве молиме одете во соседните болници, ако можете“, се вели во пораката на вработените во болницата Невам

Осум метро станици беа затворени, а противпожарната бригада во Лондон објави дека примила повеќе од 1.000 повици поврзани со поплавите.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат и дека станицата Падинг Мил Лејн е поплавена. Станицата во Источен Лондон е под вода висока најмалку 30 сантиметри со силна струја.

Корисниците на социјалните мрежи објавија алармантни слики на кои се гледаат автомобили и автобуси заглавени во поплавените улици додека возачите очајно се обидуваат да поминат низ водата.

Најлоша е состојбата со подвозникот, каде што на улицата се гледаат само покриви на автомобили кои излегуваат од водата.

Напогодените области беа Клапам и Камбервел на југот на градот, но поплави беа забележани и на истокот и северо-источно од главниот град.

Слични содржини