Потпишан договор: Челси денес го промовира Енцо Мареска

од Vladimir Zorba
1,8K прегледи

Сопственикот на Челси, Тод Бејли денеска ќе го претстави својот четврти менаџер во последните две години откако го презеде клубот – Енцо Мареска. По Томас Тухел, Грем Потер, Маурисио Покетино, за тимот потпиша и поранешниот помошник на Пеп Гвардиола, додека Лестер кој го претстави во Премиер лигата ќе добие завидни 12 милиони фунти како обештетување.

Италијанецот (44) имаше многу добра фудбалска кариера која траеше речиси две децении, пет пати го носеше дресот на „азурите“, а работата со Гвардиола во Сити го одреди и како тренер затоа што сака неговиот тим да има контрола на играта и преку пасови да доаѓа до голот.

Тој како шампион го врати Лестер во Премиер лигата, а на тој начин ја доби довербата на спортскиот сектор во Челси. Тој нема искуство на своја страна, бидејќи во последните три сезони ги водеше само Парма и Лестер, а прашање е како ќе се снајде со екипа која се уште не е профилирана и има многу добри млади играчи.

Многумина во Англија сметаат дека клубот згрешил со разделбата со Маурисио Покетино, кој во вториот дел од сезоната успеа да надополни голема негатива и да го донесе Челси во Европа. Со потпишување на петгодишен договор, Челси некако реши дека сака да го „истрпи“ Мареска. Колку долго, времето, и пред се резултатите, ќе покажат.

Слични содржини