197
Директорите на надлежните национални безбедносни органи за заштита на класифицирани информации на Грција и С.Македонија, Стојан Славески и генерал мајор Ангелос Худелудис, денес потпишаа Договор за заемна заштита на разменетите класифицирани информации.
Според она што го соопшти македонската Дирекција за безбедност на класифицирани информации, на средбата било разговарано за постојните билатерални релации меѓу двете земји и за новите можности за уште поголема соработка во области што вклучуваат размена на класифицирани информации.
„Воедно, беа потврдени заемните заложби за интензивирање на блиската соработка и реафирмација на процесот на градење доверба меѓу двете земји како пример за добрососедски односи во регионот“, стои во соопштението.