Потпишан договорот за меѓусистемско гасно поврзување со Бугарија

од Берта Китинска
159 прегледи

Северна Македонија ќе може да се снабдува од повеќе извори на гас преку Бугарија. Ова е овозможено по денешното потпишување на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективна точка Ќустендил-Жидилово помеѓу ГА-МА АД и Буглартрансгаз ЕАД, информира на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

-Потпишувањето на овој договор е од големо значење бидејќи отвара можност за големување на сегашниот капацитет на гасоводот со Бугарија, како и ослободување на дополнителни капацитети за користење од повеќе снабдувачи и диверсификација на нашите извори на снабдување, како и користење на сите извори што во моментов се присутни пазарот на природен гас во Република Бугарија.
Со договорот за интерконекција помеѓу ГА-МА АД и Булгартрансгаз се одредуваат детално условите, оперативните процедури и одредби во врска со испораката на природен гас на точката на интерконекција на македонско-бугарската граница на Интерконективната точка Ќустендил -Жидилово, со цел да се олесни ефикасната интероперабилност на меѓусебно поврзаната преносна мрежа.
Конкретно со договорот се регулира зголемување на притисокот на компресорската станица. Почетокот на имплементација е договорен да биде од 01.01.2023, информриа министерот.

Слични содржини