265
Министрите за одбрана на Русија и Белорусија, Сергеј Шојгу и Виктор Кренин денеска во Минск потпишаа документи со кои се дефинираат процедурите за складирање на руското нуклеарно оружје во посебен склад на територијата на Белорусија.
Како што соопшти министерството за одбрана на Белорусија, на состанокот биле потпишани документи со кои се утврдува процедурата за чување на руското нестратешко нуклеарно оружје во посебен склад на територијата на Белорусија, пренесе ТАСС.
Мерките преземени од Русија и Белорусија „се во согласност со сите постоечки меѓународни правни обврски“, нагласи Шојгу.