Потпишан Меморандум: МРТ и БНТ ќе разменуваат вести и образовни и културни програми

од Nikola Popovski
398 прегледи

Македонската Радио телевизија и Бугарската Национална телевизија потпишале Меморандум за разбирање, со кој на реципрочен начин ќе разменуваат вести, детски, музички, забавни, културни и образовни програми.

„Ќе продолжиме да правиме размена на програми од областа на туризмот, културата, образованието, музиката, на дневни информации и на вести. Ние, наскоро сакаме да отвориме и дописништво во Софија, се надевам дека и БНТ ќе отвори дописништво во Скопје, во Македонија, така што на еден заеднички начин да успееме да ги доближиме телевизиите што е можно поблиску“, изјавил директорот на МРТ, Марјан Цветковски.

Според директорот на БНТ, Емил Кошлуков, додека политичарите се занимаваат со политика, историчарите со историја, ние правиме телевизија.

„Ова е договор со Македонската јавна телевизија, со кој се надеваме дека ќе започнеме да работиме поактивно, да размениме содржини меѓу нашите две телевизии. И додека политичарите се занимаваат со политика, историчарите со историјата, ние правиме телевизија. Можеме да прикажеме убави извештаи за Македонија, за Охрид, има толку убави места, и тие можат да гледаат репортажи за бугарски места. Може да има македонска музика и фолклор, можеме да им ги дадеме нашите за да можат двата народа да се запознаат и слушнат. Мислам дека ова е патот“, нагласил Кошлуков.

Слични содржини